Чајни колачиња со ореви и рум

Loading...

Потребни состојки:
350 г брашно
1 мускатно оревче
2-3 лажици мед
1 лажичка цимет
100 г ореви
2 лажици рум
2 јајца
200 г шеќер
150 г путер
Половина ќесичка прашок за печиво
За премачкување
1 белка


Начин на подготовка:
Во прашокот за печиво додајте брашно, па додајте го и путерот и соединете. Додајте шеќер, јајца, рум, мелени ореви, цимет, мед, рендано мускатно оревче и промешајте, па обликувајте тесто.
Тестото мора да отстои на ладно место најмалку 1 час, а потоа обликувајте поголеми кругови на кои ќе додадете орев.
Ставете ги на хартија за печење, премачкајте со белка и украсете по желба.
Печете на 220 степени околу 15 минути.

loading...
Loading...