Чај од цимет за намалување на вишокот килограми

Луѓето имаат тенденција да прибегнуваат кон разни диети и апчиња за слабеење, притоа потценувајќи ја важноста на здравата и правилна исхрана.

Она што е клучно да се разбере овде е дека долгорочните резултати во поглед на телесната тежина можат да се постигнат само преку радикални промени во исхраната.

Чај од цимет за намалување на вишокот килограми
Доколку барате природен начин да се ослободите од вишокот килограми, чајот од цимет може да ви помогне! Овој ароматичен зачин кој одлично се вклопува во есенската и зимската сезона, покрај прекрасниот вкус има и бројни лековити својства. Дел од нив се забрзувањето на метаболизмот и согорувањето на вишокот маснотии.

Покрај тоа, има антиканцерогени, антиоксидантски, антидијабетични и антиинфламаторни својства. Истражувањата покажале и дека овој зачин, освен што е одличен за зајакнување на имунитетот, го намалува шеќерот и холестеролот во крвта, ја подобрува циркулацијата, го намалува чувството на глад и го ослободува организмот од токсините.
Сепак, иако најчесто го консумираме во пита со јаболка, сутлијаш и други ароматични деликатеси, циметот е одличен и за правење многу вкусен и здрав чај!

Зошто чајот од цимет е одличен за слабеење?
Благодарение на високата содржина на хранливи материи, чајот со цимет го забрзува метаболизмот и ги држи под контрола нивото на холестерол и шеќер во крвта. Неговите антиинфламаторни својства ја спречуваат надуеноста, а овој зачин е познат и по тоа што го помага варењето, што може да ви помогне да се ослободите од дополнителните калории.
Чајот од цимет рамномерно ги топи наслагите на сите делови од телото, особено вишокот килограми во пределот на желудникот, но само ако се консумира правилно.

Како да направите чај од цимет?
За најдобри резултати, експертите препорачуваат да го подготвите со лимон за да го забрзате процесот на слабеење и да консумирате до 4 шолји дневно. Ако ви пречи лимонот во овој напиток, можете да пиете чај и без него, но резултатите веројатно нема да бидат исти.

Потребно состојки:
• Чаша вода
• Лажица мед
• Половина лимон (по избор)
• 1 стапче цимет

Начин на подготовка:
Ставете стапче цимет во вода и почекајте да зоврие. После тоа, додадете мед и исцедете лимон. По желба можете да додадете малку ѓумбир или бибер за уште подобар ефект и вашиот напиток за слабеење е готов!
Овој чај се препорачува да го пиете наутро бидејќи така најефикасно ќе го забрзате метаболизмот. Доколку го пиете меѓу оброците, циметот ќе го потисне чувството на глад и ќе го спречи внесувањето на непотребни калории, а се препорачува и да го пиете пред вежбање или прошетка.

Пронајдете не на следниве мрежи: