„ЧЕКАМЕ ВЕСТИ ОД ГЕРМАНИЈА, ПОЛСКА И БАЛТИЧКИТЕ ДРЖАВИ“ Медведев смета дека Џонсон нема да биде единствениот – заминуваат „најдобрите пријатели на Украина“

Оставката на Борис Џонсон е логичен резултат на британската ароганција и медиокритетната политика, изјави заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев.

Вести од Лондон. „Најдобрите пријатели на Украина“ заминуваат. „Победата“ е во опасност! Првиот што отиде … Логичен резултат на британската ароганција и медиокритетната политика. Особено на меѓународно ниво. Очекуваме вести од Германија, Полска и од балтичките земји – напиша Дмитриј Медведев на Телеграм.

Потсетуваме, Борис Џонсон денеска поднесе оставка како лидер на конзервативците – ќе остане премиер до есен.

Некои министри поднесоа оставки веднаш откако британскиот премиер се извини што го назначи пратеникот Крис Пинчер на позицијата заменик-претседател на пратеничката група на ториевците, обвинет за сексуално недолично однесување.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.