Чекајте ја ОВАА љубов и ОВАА личност

Чекајте некој што ве топли само со тоа што ве држи за рака. Некој кој ве тера да мислите на убави нешта штом ќе го погледнете во очи. Некој кој има сладок вкус штом ќе му ги допрете усните. Некој кој прави да се чувствувате како да летате штом ќе го прегрнете. Чекајте ја таа личност.
Чекајте ја оваа љубов и оваа личност
Чекајте некој кој ќе ве натера да сфатите дека краевите се всушност убави почетоци. Бидејќи кога конечно ќе го сретнете вистинскиот човек, ќе заборавите на сите болни збогувања. Ќе почнете да се сеќавате колку всушност е прекрасно да љубите. Чекајте ја таа личност.


Чекајте некој кој ја гледа вашата несовршено убава душа, а не само вашето неверојатно тело. Некој кој сака и продолжува да ве одбира вам бидејќи тоа сте вие, а не некој друг. Чекајте ја таа личност.
Чекајте некој поради кој можете да се однесувате лудо и диво. Некој кој може да се справи со вашата налудничавост. Бидејќи навистина е ретко да најдете некој којшто е флексибилен за вас. Чекајте ја таа личност.
Чекајте некој кој може да ве разочара, но истовремено му е страв да не ве изгуби. Некој кој е само човечко суштество што прави грешки, но секогаш се труди да не се откаже од вас. Некој кој ќе ве одбере вам пред неговото его, без сомнение. Чекајте ја таа личност.
Чекајте некој без кого можете да живеете, но не сакате. Некој со кого сакате да го поминете остатокот од вашиот живот. Бидејќи чекањето на вистинската љубов е нешто што го правите за вас, одлука што самите ја носите. Тоа е верба во вашата судбина додека се подготвувате за неа. А кога ќе дојде вистинскиот момент, ќе го знаете тоа.Вистинската љубов е многу повеќе од пеперутки во вашиот стомак. Вистинската љубов е некој кој предизвикува секакви чувства, емоции и искуства во вас. А тој некој ќе ви го промени животот на начин на кој не сте ни очекувале.
Дотогаш, чекајте ја таа личност.

Loading...