Челникот на венецуелската опозиција повика на единство

Loading...

Челникот на обединетата венецуелска опозиција. Енрике Каприљес на веста за смртта на претседателот Уго Чавез повика на единство во земјaта и изрази сочувство на неговото семејство и неговите приврзаници.

„Во овој тежок момент, мораме да ја покажеме нашата длабока љубов и почитување кон Венецуела”, објави Каприљес на својот профил на Twitter.
„Моето сочувство на семејството и на приврзаниците на Уго Чавез. Апелирам на единство меѓу населението”, порача Каприљес.
Енрике Капиљес, гувернер на сојузната држава Миранда, втората по бројот на население и најбогата федеративна единица на Венецуела, загуби од Чавез на претседателските избори во октомври 2012 година, меѓутоа со освоените 45 отсто освоени гласови најмногу му се приближи од сите противкандидати на сите избори на коишто учествуваше Чавез
Макфакс
Челникот на обединетата венецуелска опозиција. Енрике Каприљес на веста за смртта на претседат

loading...