Ченто за претседател на СМК!

Со внимание го прочитав предлогот и иницијативата во кој предлог се споменува моето име за нов Претседател на Светскиот Македониски Конгрес. Со оглед на моменталната политичка ситуација во нашата татковина, во која македонската нација е длабоко деморализирана и во апатија поради политичките елити кои ја доведоа Македонија на ова дереџе, на Македонија и требаат нови борци кои ќе бидат искрата за нова надеж и пред се надпартиска борба во која ќе бидат вклучени сите родољуби на Македонија кои се поделени на повеќе табори.
Веќе од поодамна сум размислувал како можеме да го направиме тоа македонско обединување без партиски предзнак бидејќи треба да не обедини нешто за што копнееме сите а тоа е нашата татковина Македонија.
Со оглед дека Светскиот Македониски Конгрес е можеби една од најстарите македонски организации, во неа лежи добра основа за семакедонско обединување и работење за македонските национални интереси. Ова организација која е од исклучително значење за Македонците во Македонија исто така е и мост за Македонците во дијаспората.
Факт е дека Светскиот Македонски Конгрес може да биде една од најмоќните организации во Македонија од причина што има традиција и таа може многу да придонесе ако добро се менаџира, организира и има план и визија. Почитувани браќа и сестри, мои драги пријатели пред се ми е чест што предлогот доаѓа од луѓе кои се докажани борци за македонската кауза и од таа причина јас би ја прифатил таа позиција но само доколку има консензус околу тоа прашања за тоа дали на Светскиот Македониски Конгрес му треба нов Претседател кој би го предводел со сите свои сили и би се посветил на таа кауза. Не сакам да бидам јаболко на раздор доколку нема консензус, бидејќи и онака веќе сме премногу поделени.
Мојот план, доколку има консензус од дијаспората но и внатре во Македонија Ве уверувам дека ќе биде во интерес на нашата татковина Македонија во секој поглед, економски, политички, социјален, образовен итн. На Македонија и треба обединување а не разденување околу битните прашања и во тој поглед мораме да се бориме сите заедно, бидејќи ова е наша и единствена татковина, Република Македонија која е чадор за сите Македонци кои се раселени во Светот и за сите Македонци кои живеат во неа.
Македонци во Македонија, но и сите Македонци во Светот, Ве уверувам дека борбата за Македонија никогаш не запрела, не запреле ни Делчев, ни Сандански, ни Брашнаров, ни Кузман ни Ченто… Таа борба денес да ја продолжиме и припаѓа на нашата генерација и ние мораме да успееме во таа борба.
Да живее Република Македонија!!!
Јане Ченто