Ченто и Југ: Одиме до крај судот нека реши а не политичките елити!

Loading...

Од извори во затворот во Шутка дознавам дека обвинетите Јане Ченто и Игор Југ нема да поднесат барање за амнестија бидејќи веруваале дека делото ќе падне и дека тие веќе ја докажале својата невиност за кривичното дело кое им се става на тобар  – терористичко загрозување на уставниот поредок 313.
Ченто искоментирал дека ова било преседан и срам за правото и владеењето на правото и дека сака судот да суди и правдата да излезе на виделина и дека не сака помилување за нешто што не го направил, и дека со ова сакаат да му ја земат честа и достоинство и нема да поднеси барање за амнестија. Југ искоментирал дека само продадени души ќе ја прифатат оваа амнестија која само на политичарите им одговара а не на обичните луѓе.
Одиме до крај, судот нека пресече а не политичките елити макар тоа би било и на наша штета, рекле Ченто и Југ за време на прошетката во затворот.
Извор: ДУДИНКА

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...