Четворица војници на НАТО загинаа во пад на воздухоплов во Авганистан

Loading...

Четворица војници на НАТО загинаа во саботата во пад на воздухоплов во јужната авганистанска провинција Забол, потврди командата на меѓународната мисија за помош во безбедноста на оваа земја ИСАФ.Поведена е истрага за причините за падот на леталото за што има спротиставени информации според кои станува за авион или за хеликоптер. Според прелиминарните сознанија, во време на инцидентот немало непријателски активности во тој дел од земјата, се наведува во соопштението.Од командата на ИСАФ не прецизираа за кој тип авион станува збор, ниту, пак, местото на кој се случил падот во јужниот дел од Авганистан, инаку регион каде што талибаните се многу активни.Според агенцијата Pajhwok, која се повикува на шефот на локалната администрација на областа Шахџој каде што се случил инцидентот, Мохамад Седик, станува збор за хеликоптер кој паднал поради техничка неисправност.Не се соопштува ниту државјанството на жртвите. Во овој дел се распоредени околу 100 илјади припадници на ИСАФ, повеќето Американци.Според прес-службата на ИСАФ, пред неколку дена поради бурата и солните дождови во јужен Авганистан, биле оштетени десетици хеликоптери на авијацијата на НАТО. Според Pajhwok, вкупно 50 хеликоптери од воздухопловната база KEF во авганистанската провинција Кандахар не биле целосно оспособени за летање.Од почетокот на 2013 година во Авганистан загинале 39 војници на ИСАФ, според специјализираниот ресурс Icasualities. Претходно во саботата талибаните ја најавија својата традиционална пролетна офанзива.
МакфаксЧетворица војници на НАТО загинаа во саботата во пад на воздухоплов во јужната авганистанска провинција Забол, потврди

loading...
Loading...