Четворица нови заболени од морбили, три од нив се невакцинирани деца

Loading...

Уште четири нови случаи заразени со мали сипаници денеска беа примени во Килиниката за инфективни болести, пациентите не биле вакцинирани со вакцината МРП.
-Од новопримените деца на Инфективна клиника, едното дете е на возраст од пет години и тоа е од Сопиште, другото дете е од Аеродром на возраст од 1,5 години, а третото е од Карпош и е на возраст од 2,5 години.

Ниту едно од нив не одело во градинка, ниту пак биле вакцинирани. Возрасниот е од тетовското село Брвеница, има 26 години и тој е со непознат вакцинален статус, велат од Министерството за здравство.
Засега во клиниката се лекуваат 13 пациенти, а досега се регистирани над 70 пациенти. Вкупно се вакцинирани 3.760 деца.

loading...