Четврт модул на Школата за политики за 2022 година при Претседателскиот центар за политичко образование

Викендов во Охрид се одржа четвртиот модул на Школата за политики за 2022 година при Претседателскиот центар за политичко образование којшто се реализира во соработка со фондацијата Конрад Аденауер.

На четвртиот модул на Школата поздравно обраќање имаше Даниел Браун, претставник на фондацијата Конрад Аденауер за Северна Македонија.

На тема „Геостратешки и безбедносни предизвици за ЕУ и НАТО соочени со војната во Украина“ онлајн се обрати Рајнер Мајер цум Фелде, бригаден генерал во пензија и претставник на Институтот за безбедносна политика при Кристијан Албрехт Универзитетот во Кил, Германија.

Предавање на тема „Справување со дезинформации и пропаганда во време на војна и енергетска криза во Европа“ одржаа Драган Секуловски, извршен директор на Здружението на новинари на Македонија и проф. д-р Јасна Бачовска Недиќ, редовен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“, при УКИМ.

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска одржа предавање на тема „Актуелни  безбедносни  предизвици  и  перспективи  од членството во НАТО во време на војна во Украина“. На тема „Војната во Украина – импликации врз националната и регионалната безбедност“ говореа проф. д-р Марјан Ѓуровски, вонреден професор на Институт за безбедност, одбрана и мир при Филозофскиот  факултет на УКИМ и Емил Димитриев, поранешен технички премиер и поранешен заменик министер за одбрана.

Комуникологот и претседател на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи, Бојан Кордалов ја водеше работилницата на тема „Дигитализација, социјални медиуми и добро управување“, додека работилницата на тема „Од  почитувач  на  правилата  до оформувач на истите: Променливата глобална улога на Кина и нејзините импликации за Западен Балкан“ којашто ја водеше Ана Крстиновска, од ESTIMA Think Tank, се одржа на последниот ден од четвртиот модул на Школата за политики.

На тема „Регионалните спорови во склоп на процесот на ЕУ интеграција на регионот“ предавање одржа Зоран Нечев, Институт за демократија „Социетас Цивилис“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.