Четири кандидати за Претседател од ВМРО-ДПМНЕ

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека имињата на сите кандидати ќе ги објават на 5 февруари. До тогаш се очекува да заврши целата процедура околу верификација на пристигнатите кандидатури, а партиската конвенција е закажана за 16 февруари.
Од тоа што во моментов е достапно како информација трката за нов претседател на Македонија ќе ја трчаат четири кандидати, а нивните кандидатури се наоѓаат во архивата на ВМРО-ДПМНЕ.
Според информациите кои се уште не се официјално потврдени, за кандидати за претседател на државата се пријавени пратеникот Влатко Ѓорчев, универзитетската професорка Гордана Силјановска-Давкова, поранешниот пратеник Филип Петровски и уште едно лице, чие име не се открива. Сепак се знае дека лицето до сега немало некои посериозни политички активности и дека не и е познато на јавноста.