Четири лица загинаа во двоен бомбашки напад во Пакистан

Loading...

Во две експлозии во саботата навечер во најголемиот пакистански град Карачи, загинаа четири лица а неколку десетици се повредени, пренесува Associated Press повикувајќи се на полициски извори.Двете експлозивни направи биле активирани во близина на канцеларии на политичките партии, кои одржувале состаноци во пресрет на општите избори. Според полицијата, првата експлозија се случила пред канцеларијата на Народната партија на Пакистан каде што експлодирал миниран мотоцикл при што загинале три лица а 21 е рането. Во втората експлозија пред бирото на движењето Мутахида Коми, загинал еден човек а ранети се уште 21.Одговорноста за бомбашките напади засега не ја презема никој, но познато од претходно е дека радикалното исламистичко движење Техрик -и-Талибан Пакистан (ТТП) константно испраќа закани за претставниците на најголемите партии во Пакистан. Минатиот петок во експлозија во канцеларијата на Наионалната партија Авами во Карачи загинаа најмалку шест лица, меѓу кои и едно дете.Повеќето аналитичари сметаат дека исламистичките терористи сакаат да го спречат одржувањето на општите избори закажано за 11-ти мај. Претходно седмицава пакистанските талибани во многу градови низ земјата растурија летоци со кои ги повикуваат граѓаните, упатувајќи притоа смртни закани, да се воздржат од учество во изборите.
МакфаксВо две експлозии во саботата навечер во најголемиот пакистански град Карачи, загинаа четири лица а неколку десетици се

loading...
Loading...