Четири милиони мобилни претплатници се очекуваат во светот до 2018 г.

Loading...

Бројот на претплатници на услугите од мобилната телефонија до 2018 година ќе достигне четири милијарди, прогнозираше во понеделникот глобалната индустрија на мобилни комуникации, на отворањето на најголемиот светски саем на мобилни комуникации во Барселона.Моментно 3,2 милијарди луѓе ширум светот ги плаќаат услугите на мобилната телефонија, што е половина од светската популација, покажа истражувањето на компанијата A.T. Kearney и здружението GSMA, кое претставува 750 мобилни оператори ширум светотВо извештајот на A.T. Kearney и GSMA, кои се организатори на саемот, се предвидува дека бројот на претплатници до 2017 година ќе биде зголемен за 700 милиони и дека бројката од четири милијарди ќе биде достигната во 2018 година.Минатата година приходите на мобилните оператори достигаа 1.000 милијарди долари, или 1,4 отсто од светскиот бруто домашен производ.Најголем подем е остварен во азиско-пацифичкиот регион, чии мобилни оператори во периодот од 2012-2017 година би требало да ги зголемат приходите за 23 отсто, од сегашните 350 милиони долари.Африка во изминатата година остварила најсилен раст, а тамошните оператори до 2017 година би требало да ги зголемат приходите за 25 отсто во периодот од 2012  до 2017 година, на 70 милијарди долари.На светско ниво растот на приходите на мобилните оператор, пак, би требало да забави од четири отсто на 2,3 отсто до 2017 година.„Една од причините за забавувањето е намалувањето на приходите во Европа“, стои во извештајот, во кој за таквата состојба се обвинува регулирање на цените на мобилните услуги и влијанието на економската криза во еврозоната. Се проценува дека приходите во тој регион би требало да паднат од 248 на 216 милијарди долари.
МакфаксБројот на претплатници на услугите од мобилната телефонија до 2018 година ќе достигне четири милијарди, прогнози

loading...
Loading...