Четири работи кои ќерките ги учат од своите мајки

Loading...

Гените имаат големо влијание на изгледот, но и на развојот на детето. Сепак, огромна улога има и околината и сето она што детето го учи во текот на животот од родителите.
Мајките, особено во првите години од животот, се врзани за детето па затоа е сосема очекувано децата да учат најмногу од нив. Често слушаме како девојчињата се копии на своите мајки, а ситуациите во кои тие ги имитираат своите мајки се многу чести.
Се шминкате, дотерувате, подготвувате, а вашата ќерка ве набљудува и го копира истото однесување.
Не смеете да заборавите дека децата впиваат сè од родителите и понекогаш ги учите на работите кои ќе им користат цел живот. Овие четири работи ќерките ги учат од своите мајки.
Како да се грижи за себе
Вие сте пример за однесување на вашето дете. Ако се грижите за себе, за вашето здравје и изглед, и вашата ќерка ќе го прави истото. Таа гледа пример во вас за шминкање, облекување. Обрнете внимание и на тоа какви прехрамбени навики имате, физичка активност, заминување кај лекар – размислете дали сакате и вашата ќерка да биде таква.
Како да се сака себеси
Нашата задача е да ги научиме децата колку вредат и зошто е важно да се грижат за своето здравје на вистински начин. Девојчињата го следат примерот на мајките. Научете ја дека е многу важно да се грижи и да живее здрав живот, научете ја дека не треба да се грижи за тоа што другите мислат за неа, дека треба да го сака своето тело и своите таленти. Мора да знае дека е совршена.
Како да се однесува кон другите луѓе
Децата следат сè – каков однос имате со пријателите, како се однесувате кога сте во друштво. Иако некогаш се чини дека не е така, ќерките го копираат однесувањето на мајките. Ако постојано наоѓате маани, истото ќе го прави и вашата ќерка. Затоа е важно да се потрудите да му покажете на детето како треба да се однесуваат кон другите луѓе.
Како треба да изгледа љубовта
Ова треба да ги научите заедно со вашиот партнер. Детето набљудува како таткото се однесува кон мајката, но и мајката кон таткото и врз основа на тоа учи како треба да изгледа љубовта. Подоцна во животот ќе бара таков сличен партнер, па затоа потрудете се да бидете најдобрата верзија од која ќе учи.

loading...
Loading...