Чизкејк од чоколадо и лешници: Рецепт за фина торта од само 5 состојки

Loading...

Чизкејкот им е омилен десерт на многумина. Станува збор за многу флексибилен десерт во кој може да се ужива преку целата година, а во зависност од сезонското овошје и другите адитиви го менуваат вкусот и изгледот.
Ако сакате да подготвите одличен чизкејк без премногу мака и филозофија – посегнете по рецепт без печење. Како овој чизкејк од чоколадо и лешник.
Едноставен рецепт гарантира богатство на вкусови и е подготвен од само пет состојки. Имајте на ум дека ова е десерт полн со маснотии, затоа споделете го со пријателите и јадете умерено.
СОСТОЈКИ:
800 гр чоколаден намаз со лешници (како Нутела)
400 гр крем сирење
200 гр корнфлекс
50 гр чоколадо за готвење
2-3 лажици лешници


Подготовка:
1. Измешајте ги корнфлексот со 200 грама чоколаден намаз во блендер или сечкач на зеленчук додека не добиете хомогена смеса.
2. Смесата притиснете ја во тркалезен калап за печење со пречник од 23 сантиметри.
3. Со миксер изматете го крем сирењето додека не добиете кремаста смеса. Додадете го преостанатиот чоколаден намаз и измешајте рачно.
4. Премачкајте го добиениот намаз врз основата.
5. Растопете го чоколадото на пареа или во микробранова печка и по желба украсете ја површината на тортата.
6. Покријте го целиот плех со пластична фолија и ставете го во замрзнувач преку ноќ.
7. Извадете го калапот од замрзнувач половина час пред сервирање и украсете со лешници. Добар апетит!

loading...
Loading...