Чизкејк со путер од кикиритки

Loading...

Приготвување:
Наместете ја решетката на рерната на долната позиција и вклучете ја рерната на 180 степени.
Во блендер за храна смелете ги колачињата „орео“ на ситни трошки. Измешајте ги трошките со стопениот путер. Истурете ја смесата во калап за торта и со помош на чаша со рамно дно притискајте ја на дното и на страните за еднакво да се распореди.
Одоздола и околу надворешните ѕидови обвиткајте го калапот со алуминиумска фолија. Печете ја кората 7-8 минути. Оставете малку да се олади додека го подготвувате филот.
Со миксер изматете ги крем сирењето и шеќерот на средна брзина – околу 3 минути, додека смесата не биде мазна и кремаста. Додајте ги павлаката, путерот од кикиритки и ванилата и убаво изматете. На мала брзина додавајте ги јајцата едно по едно, матејќи по секое додавање. Не матете предолго откако ќе ги додадете јајцата. Додајте 3/4 од скршените чоколадни бонбони и нежно промешајте ги во филот (другите ќе бидат за украсување на готовиот чизкејк).
Истурете го филот врз оладената кора. Ставете го калапот за торта во голема тава за печење и ставете ја во рерната. Наполнете ја долната тава со околу 1 сантиметар топла вода. Фолијата завиткана околу тавата ќе спречи водата да пробие во калапот.
Печете 50-60 минути или додека да се испече и средината на тортата. Исклучете ја рерната и малку подотворете ја вратата на рерната. Оставете го така чизкејкот во рерната 1 час. Извадете го од рерната и оставете целосно да се излади на собна температура. Ставете го фрижидер најмалку 6 часа или (најубаво) преку ноќ.


Олабавете ги страните на калапот и извадете ги. Украсете ја тортата одозгора со сечканите чоколадни колачиња и попрскајте ја со стопен путер од кикиритки.
Исечете ја на парчиња и сервирајте ја студена. Покријте го остатокот од чизкејкот и чувајте го во фрижидер до 4 дена.
Состојки:
18 колачиња „орео“
60 г несолен путер
700 г полномасно крем сирење (маскарпоне), омекнато на собна температура
200 г шеќер
200 г кисела павлака, на собна температура
130 г кремлив путер од кикиритки
2 лажички чист екстракт од ванила
3 големи јајца, на собна температура
какви било чоколадни бонбони со путер од кикиритки, сечкани
малку стопен путер од кикиритки за украс

loading...