ЧИСТА ПРЕСПА – МОЈА ПРЕСПА

Loading...

Водени од пораката ,,Да ја оставиме чиста Преспа за идните генерации бидејќи од нив ја позајмивме, а ја добивме од претходните, денеска на плажата Претор, започна најобемната кампања за чистење на Преспа.
Со несекојдневна прес- конференција денеска започна кампањата ,,Чиста Преспа, моја Преспа,,
на која беа соопштени активностите за расчистување на депониите, уредување на плажите, како
и голем број активности за подигање на свеста кај населението и туристите.
,,Водени од пораката ,,Да ја оставиме чиста Преспа за идните генерации бидејќи од нив ја
позајмивме, а ја добивме од претходните, денеска на плажата Претор, започна најобемната
кампања за чистење на Преспа. И не треба некој друг да почне, од сите нас зависи, секој нека
тргне од својот двор, од својата улица, од своето маало. Само така ќе можеме да ја оствариме
нашата цел- Чиста Преспа, моја Преспа”.- изјави градоначалникот на Oпштина Ресен Живко
Гошаревски.
Нашите познати актери Игор Ангелов и Владимир Тулиев од денеска стануваат амбасадори на оваа
кампања.
,,Не сум од Преспа, но имам потекло од тука, веднаш ја прифатив улогата да бидам амбасадор
на една ваква кампања. Секој дел од нашата Македонија е убав, ајде на почеток да ја
исчистиме Преспа!” – рече амбасадорот на кампањата Игор Ангелов.
Подигање на свеста кај населението и создавање на чиста Преспа, сево ова беше доволен повод
во оваа кампања да се приклучат и голем број јавни личности како поддржувачи кои ќе бидат дел
од големата кампањата за подигање на свеста кај населението и туристите.Меѓу нив, Марјана Станојковска, Ирена Спировска, Божидар Божиновски, Таско, Бомбакис, Миро
Кацаров, Елена Велевска, Татјана Алексиќ, Вера Мештеровиќ, Маја Тино, Бојан Велевски и многу
други.
Она што следува во следниот месец е масовна кампања на чистење на Преспа и подигнување на
јавната свест за еколошките предизвици. Општина Ресен има нови диви депонии, целта е на
крајот на овој проект да зборуваме за почиста Преспа и за уредено крајбрежје, додаваат
организаторите.
Сето ова ќе се спроведе преку еколошки акции за чистење на плажата Стење- Коњско, патеката и
островот Голем град, плажата Претор, плажата Черти камен, приодниот парк Езерани, како и екоакции во Ресен за амфитеатарот, домот на културата и др. Ќе има чистење на дивите депонии
Дрмени, село Љубојно, село Долно Дупени, село Сливница и други депонии.
Во активностите ни се приклучија скоро сите невладини организации за екологија, Нула Отпад и
Пакомак кои ќе постават и дополнителни контејнери за селекција на отпадот.
Посебно значење за нас има Мониторинг станицата во Стење за вршење на анализи на квалитетот
на водите во Преспанското Езеро и сливното подрачје, која е опремена со своја хемиска и
биолошка лабораторија, и на располагање има еко-брод и чамец, а нејзините капацитети веќе се
користат за одржување на обуки и работилници.
Сумирањето на резултатите е закажано за точно еден месец, изјави на крајот од оваа
несекојдневна прес – конференција, градоначалникот на Oпштина Ресен, Живко Гошаревски

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...
Loading...