Чиј беше Ден Дончев?

Loading...

Чиј беше Ден Дончев?

Сметаме дека ова е легитимно прашање, ако се земе предвид дека се води истрага за Ден Дончев, потврдена денеска и од Русковска. И тоа за повеќе можни дела. Ден беше во мошне силна и влијателна фотеља. А никој не знае зошто. И од каде дојде воопшто?

Сега се води преписка меѓу Љубчо Георгиевски и Геровски. Отворено и брутално токму за тоа чиј е Ден. Чудно е што сега на сите ни текна да се прашуваме тоа. А не кога дојде во фотељата која командува со како што е кажано 700 милиони евра годишно.

Токму затоа сакаме да прашаме уште еднаш чиј е Дончев, кој го донесе. Љубчо му рече на Геро во статус: не ми го лепи Ден затоа што немам никаква лична или партиска одговорност за него, а испаѓа дека свесно пушташ лажна трага.

Но има нешто уште поиндикативно во статусот на Љубчо, а тоа е кога тој навестува дека некој од сенка го наметнал Ден, или некој кој за жал останува неименуван.

Но ни беше наметнат од страна. Потцртувам: Од повеке фактори од страна! Но тогаш сите бевме во коалиција против режимот, каде што беше и ти Branko Geroski. – му напиша Љубчо на Геровски.

Ќе дознаеме ли некогаш кои се тие повеќе фактори од страна? Според досегашната пракса да не работи кој како ќе стигне и од каде ќе стигне – НЕ ВЕРУВАМЕ!

Подолу прочитајте и за истрагата за Ден Дончев:

Се води истрага за Ден Дончев потврди денеска Вилма Русковска

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...