Членот 32 вгнездува непријатно чувство кај граѓаните на Македонија

Иако кажа дека секое мислење или предлог е многу корисен во оваа фаза на измените на  Уставот е добредојден, денес пред студентите на Универзитетот ФОН на втората од петте јавни расправи за предложените уставни измени согласно Преспанскиот договор, повторно своите ставови ги сподели премиерот Заев.
-Имаме фер и праведно решение, а најсуштествена промена во Уставот предвидена во амандмамнот 32 е секаде каде што стои Република Македонија, се менува со Република Северна Македонија, а Македонија со Северна Македонија, освен во членот 36 кој има историси контекст. Тоа е она што вгнездува непријатно чувство кај граѓаните на Македонија, но факт е дека во тој историски регион ние сме северниот дел, факт е дека немаме аспирации да ја анектираме Грција, Албанија, Бугарија или кон било кој од соседите. Единствената аспирација е да ги отвориме границите, да подадеме рака, а тоа ќе донесе и екононска благосостојба еден куп нови можности, и за сегашните, а пред се за идните генерации. При тоа ни беше важно да се одблокира нашиот процес за ЕУ и НАТО и проблемот со Грција да биде трајно решен. Затоа дојдовме до уставните промени, рече премиерот Заев.

Loading...