Бисквит колач со чоколадо и костени

Loading...

500 г бисквити
500 г костен пире
100 г маргарин
600 мл слатка павлака
250 г чоколадо за готвење
250 г млечно чоколадо
250 мл млеко
На пареа растопете го чоколадото и додадете 200 мл слатка павлака. Откако смесата ќе се излади додадете уште 200 мл изматена слатка павлака и промешајте го кремот од чоколадо.
Пирето од костени измешајте го со 100 г омекнат маргарин и 200 мл изматена слатка павлака, и промешајте го костен кремот.
На послужавник наредете бисквити кратко потопени во млеко. Врз нив прво нанесете крем од костени, а потоа чоколаден крем. Повторувајте ја постапката додека не ги потрошите состојките. Украсете со шлаг или со чоколаден прелив.

loading...