Потребно е:
300 гр темно чоколадо
3 јајца
500 мл слатка павлака
100 гр шеќер
екстракт од ванила
сол
Подготовка:
Во сад измешајте ги чоколадните копчиња, малку сол и ванилата. Загрејте ја слатката павлака додека не зоврие на тивок оган. Потоа изматете ги жолчките и додајте ги во чоколадото. Топлиот крем прелијте го врз чоколадото со постојано матење додека смесата не се изедначи. Изматете ги белките со шеќерот додека не се стегнат. Полека додадете ги изматените белки во чоколадото со постојано матење. Истурете ја смесата во калапи за пена. Оставете преку ноќ во фрижидер да се стегне. Добар апетит!