Чоколадна торта со само неколку состојки

4 јајца
150 г шеќер во прав
150 г црно чоколадо
200 г сечкани бадеми
130 г путер
1 лажица рум
рендана кора од 1 портокал
1 лажица какао
На пареа растопете ги чоколадото и путерот, и оставете да се излади.
Одвојте ги белките од жолчките, па изматете ги белките со половина од шеќерот во прав. Жолчките изматете ги со преостанатиот шеќер во прав, додадете го изладеното чоколадо со путер и матете уште неколку минути. Потоа додадете ги бадемите, румот и кората од портокал, и измешајте. На крајот постепено вмешајте ги изматените белки. Нанесете ја смесата во тркалезен калап, обложен со хартија. Печете 30 минути на 170 степени. Со цедалка изладената торта наросете ја со какао.

Loading...