Чоколадни палачинки кои се топат во устата

Loading...

За некои палачинките се најлесното нешто за правење во кујната, додека за други вистински предизвик. Доколку сте од оние кои постојано се двоумат и се плашат дека нема да успеат да направат добри палачинки, бидете без грижа.
За вас го имаме најлесниот и најслаткиот рецепт за чоколадни палачинки кои се топат во устата.
Потребно ви е:
4 јајца
1 шолја ладно млеко
¾ шолја ладна вода
1 + ½ шолја брашно
¼ шолја какао во прав
3 лажици шеќер
¼ лажичка сол
1 кесичка ванилин шеќер
3 лажици стопен путер


Начин на подготовка:
1. Наведените состојки може да ги изматите рачно, со миксер или пак во блендер.
2. Прво изматете ги јајцата со млекото, потоа водата со шеќерот. Додадете ја солта, брашното, какаото во прав и ванилиниот шеќер.
3. Пожелно е брашното и какаото да ги просеете претходно со цел да нема грутки во тестото. Солта се додава со цел да се истакне чоколадниот вкус на смесата.
4. Подмачкајте го тавчето за пржење со путер и започнете со правење на палачинките.
5. Филувајте по желба, но имајте предвид дека чоколадните палачинки најдобро одат со уште чоколадо – прелив или крем.

loading...