Чорба од домати со ориз

Loading...

500 г домати
200 мл доматен сос
300 г обарен ориз
1 1/2 литар вода
250 г пиперки
200 г конзервиран грашок
200 г зелка
1 главица кромид
5 лажици масло
3 лажици исечен магдонос
1 лажица сув зачин
сол и мелен црн пипер
Кромидот ситно исечкајте го и испржете го на 3 лажици масло. Пиперките исечете ги на парчиња, додадете ги во тенџерето и динстајте 2-3 минути. Потоа додадете го грашокот и варете 15-тина минути. Излупените домати и зелката исечете ги на долгнавести парчиња и додадете ги во чорбата.
Потоа додадете ги преостанатата вода, сувиот зачин, сол и црн пипер и варете уште 10 минути. На крајот додадете ги оризот, доматниот сос, магдоносот и преостанатото масло. Варете уште 5 минути или додека оризот не се довари.

loading...