Чувајте си го паричникот во овие градови

Loading...

Илјадници туристи на годишно ниво се враќаат дома без својот паричник, мобилен телефон и што ли уште не, како резултат на искусните џепчии во метрополите низ светот.
Според статистиките, метата на џепчиите отсекогаш биле туристите за разлика од локалното население. Сепак, правила во тој „бизнис“ не постојат, а многу европски градови се познати по уличниот криминал.
На убедливо прво место се наоѓа Барселона, каде 7 од 10 % од посетителите на Шпанија се мета на кражбите, а третина од нив успеваат. Иако полицијата во последните 10 години дава повеќе напор за справување со џепчиите и иако полека им ги дознаваат начините на работа, сè уште не може да се каже дека успешно се справуваат со нив.
Следните престолнини на џепчиите се Париз и Рим. Во Рим места најзастапени со џепчии се Сикстинската капела, Колосеумот и фонтана „Di Trevi“. Поточно, секое место каде има гужва и хаотична атмосфера е одлично за работата на џепчиите. Бидете внимателни и во Лондон, Амстердам, Рио Де Жанеиро, Лас Вегас, Кејптаун и Њу Орлеанс. Илјадници туристи на годишно ниво се враќаат дома без својот паричник, мобилен телефон и што ли уште не, како резултат

loading...
Loading...