Чуден докторски експеримент: „Не се туширав еден месец па еве што ми се случи со кожата“

Loading...

Џејмс Хамблин, доктор и автор на осум книги кој исто така пишува и колумни за магазинот „The Atlantic“, одлучил постепено да престане со туширањето, односно да го одложи на еден месец, а го инспирирала новинарка од „NYT“ – Џулија Скот.
Џулија Скот исто така престанала да се тушира во сите екперименти кои ги правела за да го тестира “спрејот од живи бактерии“ кој изгледа и има вкус на вода, но е полн со бактерии за кои научниците веруваат дека тие живеат на нашата кожа доколку не ги отстрануваме постојано.
Идејата на експериментот е да докаже дека телото може само да управува со “својот мал екосистем“ на кожата доколку престанеме да му пречиме со туширањето и да користиме агресивни средства за миење.


Хамблин исто така полека престанал да користи сапуни (освен оние за раце поради спречување на ширење микроби и болести), разни креми па дури и дезодоранс па малку ќе се измиел само со вода кога ќе забележел дека навистина е “валкан“.
Резултатот на неговиот експеримент не бил смрдеа туку, според зборовите на луѓето кои биле во негова близина, мирисал на “човек“.
Хамблин изјавил дека детерѓентите и производите за нега и хигиена на телото кои секојдневно ги ставаме на нашата кожа и коса ја нарушуваат рамнотежата на масло и позитивни бактерии кои живеат на нас.


Според неговото мислење, со агресивното секојдневно туширање ние ги уништуваме нив, а потоа бидејќи брзо повторно се создаваат тие повеќе не се во рамнотежа со нашето тело затоа што истото набрзо создава и лоши бактерии поради што се појавува непријатниот мирис.
Заклучокот е:
Доколку престанеме да користиме разни средства за нега на телото, телото ќе може да “најде начин“ како да се “врати балансот“ па поради тоа добрите бактерии ќе можат да живеат, а со тоа лошите бактерии ќе бидат ставени под контрола.

loading...