Чудни причини поради кои момците се заљубуваат во девојките

Loading...

Според научниците, постојат многу повеќе причини од привлечен изглед и убава личност поради кои се заљубуваат момците. Ќе бидете изненадени од она што всушност ги привлекува!
Држење на телото
Потпетиците не  се создадени само за да ви помогнат да имате подолги нозе.  Со нив одржувате исправена положба на телото, а задникот ви е испакнат. Овој став ги привлекува мажите од примитивен аспект, бидејќи женските цицачи се држат нанапред и го испакнуваат задникот кога се подготвени за парење. Хм … Интересно, или?
Вашиот мирис
Една неодамнешна студија на германските научници откри дека вашите тела лачат природен мирис кој ви помага да најдете партнер со силен имунолошки систем. Дури, и вашата вагина ослободува мирис на мошус кој го стимулира тестостеронот и сексуалната стимулација кај мажите.
Вашата насмевка
Кога ви се допаѓа некое момче, смејте се – веднаш ќе го привлечете .
Забелешка: Кога некој ќе ви се насмевне, и вие несвесно му се насменувате. Понекогаш не го забележувате ова. Смешкајќи се ги стимулирате мускулите на лицето, кои пак ги стимулираат нервите во мозокот да произведуваат хемикалии кои прават да се чувствувате добро.
Вашиот поглед
Очите, исто така, имаат големо влијание за привлекување на мажите. Гледајќи 2-3 секунди право во очите на момчето, во мозокот му се активира примитивниот инстинкт кој го поттикнува на позитивна реакција.
Забите
Една нова студија спроведена во Америка открива дека девојките со убави заби се најпривлечни за  момците.  Забите кажуваат многу за вашата возраст и здравје.
Забелешка: бели заби укажуваат на тоа дека добро се исхранувате и одржувате хигиенски навики, жолти заби може да биде показател на лоша здравствена состојба, а тоа не е нешто што момците го бараат кај партнерката.
Вашата коса
Косата, како и забите, кажува многу за вас. Здрава, сјајна коса е знак на младоста и плодноста и потсвесно му кажува дека ќе бидете способни  да ги носите неговите гени.Според научниците, постојат многу повеќе причини од привлечен изглед и убава личност поради кои се заљубуваат момците.

loading...