Шакира го откажа концертот во Лима: хоспитализирана поради здравствени проблеми

Шакира вчера го откажа својот концерт кој требаше да се одржи во Лима, а причината за откажувањето е што мораше да биде хоспитализирана поради стомачни проблеми.Тоа го објавила на својот Х профил и истакнала дека лекарите ја известиле дека не може да настапи.pic.twitter.com/GLrXYL8BFp— Shakira (@shakira) February 16, 2025„Многу сум тажна што нема да можам да излезам на сцената. Бев многу емотивна и возбудена што повторно ја запознав мојата сакана перуанска публика“, напиша таа.Шакира пристигна во Перу во петокот вечерта, а нејзините настапи требаше да се одржат вчера и денеска. Лима е втората станица од почетокот на нејзината латиноамериканска турнеја „Las Mujeres Ya No Lloran“ по настапот во Бразил.Во својата објава Шакира истакна дека се надева на брзо закрепнување и дека наскоро ќе биде објавен нов датум за нејзиниот настап. Нејзината турнеја по настапот во Лима ќе продолжи низ Латинска Америка, а потоа ќе следуваат настапи во Канада и САД во мај до јуни оваа година.

Пронајдете не на следниве мрежи: