Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, вечерва соопшти дека решил да ја повлече својата кандидатура за пратеник во Европскиот парламент на изборите во јуни и дека планира да го заврши целиот свој актуелен мандат, кој истекува во ноември.
Нема да бидам кандидат на европските избори, објави Мишел на неговата Фејсбук страница.
- Внимавајте: Измамник собира донации во име на Дијана и си ги присвојуваКон крајот на месец април бев контактирана од наш сограѓанин да му… Read more: Внимавајте: Измамник собира донации во име на Дијана и си ги присвојува
- Финска: Штабот на НАТО ќе биде во близина на границата со РусијаГлавниот штаб на копнените сили на Северноатлантската алијанса во земјите од Северна… Read more: Финска: Штабот на НАТО ќе биде во близина на границата со Русија
- (Фото) Цело семејство убиени во крвав напад од Израел: Избирале венчаница, но венчавката не се одржа… „Невестата стана маченичка“Во пресрет на венчавката на либанската инженерка Маја Гариб, планирана за следниот… Read more: (Фото) Цело семејство убиени во крвав напад од Израел: Избирале венчаница, но венчавката не се одржа… „Невестата стана маченичка“
- СДСМ: Мицкоски да го праша Орбан зошто унгарскиот амбасадор гласал за одвојување на Македонија и АлбанијаДенешната средба меѓу Мицкоски и Орбан не носи ништо ново ниту надежно… Read more: СДСМ: Мицкоски да го праша Орбан зошто унгарскиот амбасадор гласал за одвојување на Македонија и Албанија
- Десната рака на Орбан рече Унгарија не би се бранела доколку дојде до руска инвазијаПолитичкиот директор Балаш Орбан во еден поткаст рече дека Унгарија не би… Read more: Десната рака на Орбан рече Унгарија не би се бранела доколку дојде до руска инвазија
Tој наведе дека не сака неговата кандидатура за европратеник да го оттргне од неговата мисија, да ги поткопа Советот на ЕУ и европскиот проект или да биде злоупотребена на каков било начин за да се предизвикаат поделби во институцијата со која раководи.
Верувам дека мора неуморно да работиме на европското единство. Личните напади се повеќе се истакнуваат пред фактичките аргументи – верувам дека ова го искривува објективниот демократски дискурс. На лично ниво, тоа ме тера да размислувам за значењето и влијанието на мојата изборна посветеност на која потрошив 30 години од мојот живот, не само за мене, туку и за оние кои ми се блиски, додаде Мишел.
Тој посочува дека одлуката да се кандидира за европратеник, скратувањето на неговиот мандат и „продолжувањето на мандатот на неговиот наследник за неколку месеци“ довело до „екстремни реакции – не во рамките на Европскиот совет, туку надвор од него“.
– Сите мои напори, со цврста решеност, ќе ги посветам на моите сегашни должности, наведе Мишел, додавајќи дека на „крајот од мандатот ќе одвои време да размисли за природата и насоката на идната посветеност“.
Одлуката на Мишел да се повлече од трката за европратеник доаѓа на шест дена пред вонредниот Самит на шефовите на држави или влади на членките на ЕУ, на кој треба да се разговара за механизмот за финансиска поддршка за Украина.
Мишел на почеток на месецов соопшти дека ќе биде носител на листата на белгиското либерално Реформско движење (МР) на изборите за членови на Европарламентот од Белгија. Доколку беше избран за европратеник, Мишел по изборите ќе мораше да се повлече од местото претседател на Советот на ЕУ, што отвораше можност за две опции – неговиот наследник на оваа функција да биде избран уште во јуни или пак со Советот до ноември да раководи унгарскиот премиер Виктор Орбан, чија земја ќе претседава со Унијата во втората половина од годинава.
Пронајдете не на следниве мрежи: