Шведската принцеза Лилиан почина на 97 години

Loading...

Шведската принцеза Лилиан почина во неделата во Стокхолм, на 97-годишна возраст, се вели во соопштението објавено на интернет страницата на Кралската палата на Шведска.Родената Британка, Лилиан Меј Дејвис се запознала со нејзиниот иден сопруг, принцот Бертил од Шведска, во 1943 година додека била во брак со британскиот актер Иван Крејг.Медиумите често сторијата на Лилиан и Бертил ја нарекуваа една од најтрогателните и романтични љубовни приказни во поново време: романсата била долго чувана тајна поради стравот принцот да не го загуби правото на наследник на престолот по женењето со разведена туѓинка од неблагородично потекло. Лилиан и Бертил стапија во брак повеќе од 30 години подоцна, во 1976 година.По смртта на принцот Бертил во 1997 година, принцезата Лилиан продолжи да ја претставува Шведска на официјалните настани. Точната причина за смртта на принцезата не е соопштена, но познато е дека во 2010 година принцезата Лилиан заболе од Алцхајмерова болест.Принцезата Лилина, војвотката од Холандија, е родена во Велика Британија на 30-ти август 1915 година и во младоста извесен период работела како модел. Во текот на Втората светска војна работела во една фабрика и како волонтерка медицинска сестра. Во едно интервју од 1995 година, таа рече „Ако мора да го резимирам својот живот, би рекла дека се` во него беше за љубовта“.
МакфаксШведската принцеза Лилиан почина во неделата во Стокхолм, на 97-годишна возраст, се вели во соопштението објавен

loading...