Шведска со најмалку, а Бугарија со најмногу сиромашни граѓани во ЕУ

Loading...

Само еден отсто од шведското население е во материјална сиромаштија, додека Бугарија има најмногу сиромашни граѓани покажал најновиот извештај на Еуростат.

Шведска и Луксембург имаат најнизок процент на сиромашни граѓани и тоа во двете земји тој процент изнесува еден отсто, додека просекот на сиромаштија во Европската унија е 9 отсто.
 Бугарите се најлоши со 44 отсто од населението кои се сметаат за сиромашни. Исто така, еден од тројца Литванци се сиромашни и не задоволуваат четири од деветте критериуми според кои се води Еуростат.
 Статистиката се прави еднаш годишно, а секако најлошиот процент го даваат невработените.
Така, во Шведска 10 отсто од оние кои бараат работа живеат во материјална сиромаштија, споредено со само еден процент од националниот просек.
 Бројките се многу поголеми во другите земји членки на Европската унија.
 Во просек, еден од четворица невработени во ЕУ живее во материјална сиромаштија, додека еден од десет луѓе кои имаат работа исто така се сиромашни.
 За сиромашни се сметаат луѓето кои не исполнуваат четири од деветте критериуми, во кои се: неможност да се покријат трошоците, неможност да се јаде месо, пилешко или риба, секој втор ден.
 Во критериумите спаѓаат и неможноста да се загрее домот, да не може да се отиде една недела на одмор, да не се поседува барем машина за перење или автомобил.
Макфакс
Само еден отсто од шведското население е во материјална сиромаштија, додека Бугарија има најмногу сиромашни граѓани по

loading...