Шведска ја менува тактиката на следење на заразените од коронавирус: Граѓаните ги известуваат самите контакти

Loading...

Шведската здравствена агенција соопшти денеска дека ги менува упатствата за следење на контактите на заразени од коронавирус , така што откривањето најмногу го прават самите заразени лица.

Новите упатства произлегуваат од стратегијата донесена од повеќето земји во кои властите ги следат и ги информираат луѓето кои биле во близок контакт со носителот на болеста, пренесува Ројтерс.

Портпаролот на агенцијата рече дека е многу подобро поединците сами да ги контактираат луѓето кои можеби ги заразиле, отколку од службените за следење  кои во моментот ја имаат оваа одговорност.

Постојниот систем функционираше добро кога бројот на заразени беше помал, но тој стана помалку ефикасен со зголемувањето на бројот, рече портпаролот.

Сè уште не е јасно како ова ќе функционира во пракса или дали властите ќе вршат проверка на овој нов систем , пренесува Ројтерс. Здравствената агенција се очекува да издаде целосни упатства во наредните денови.

loading...