Шведски обвинител фатен со „спуштени панталони”

Loading...

Шведските полицајци биле зачудени кога уапсиле човек кој купувал секс од проститутка во Стокхолм, па дознале дека тој е обвинителот на кој треба да му поднесат извештај за ваквите случаи.

Главниот обвинител поминал една вечер со проститутка во хотел во Стокхолм, а полицијата по дојава го сочекала на скалите во хотелот, кога излегувал од собата.
 Полицајците се нашле во небрано кога сфатиле дека човекот кого го апсат е обвинителот на кој му поднесуваат извештаи за ваков вид криминал.
 Тој платил 1.500 шведски круни (околу 232 долари), за сексокт, пренесе весникот Expressen.
 Тој ја нашол проститутката од агенција за присдружнички онлајн, а ја искористил можноста при неговото патување со воз.
 Вечерта имал испиено половина шише вино и едно пиво.
 „Да, јас го сторив тоа за што сум обвинет. Излегов од собата и на скалите бев уапсен од полицијата”, вели обвинителот за весникот Aftonbladet.
 Тој го признал делото, а за тоа било информирано и неговото семејство.
 „Сопругата ќе ме напушти, а децата мислат дека сум се однесувал како свиња. Дури и моите пријатели мислат така”, вели обвинителот.
 Тој вели дека како пбвинител знаел дека најглупава работа при вакво нешто е да лажеш.
 „Направив што направив, и стојам со спуштени панталони. Ова е најлошото нешто што им го направив на моето семејство и на пријателите”, вели тој.
 Тој појасни дека друг обвинител ќе го води неговиот случај, а дека тој не зне која казна ќе му биде одредена, ниту пак кога.
Макфакс
Шведските полицајци биле зачудени кога уапсиле човек кој купувал секс од проститутка во Стокхолм, па дознале дека тој

loading...