Шведски ќофтиња

Loading...

ЗА ЌОФТИЊА
1 кг мелено месо
1 главица ситно сечкан кромид
2 јајца
50 мл млеко
40 г лебни трошки
2 лажици путер
1 лажичка мелен црн пипер
1/4 лажичка чили во прав
1/4 лажичка рендано морско оревче
сол
ЗА СОС
3 лажици брашно
2 лажици путер
700 мл говедска супа од коцка
100 мл хопла
1 лажица Ворчестер сос
1/2 лажица шеќер
сол и мелен црн пипер
Од меленото месо, кромидот, јајцата, путерот, лебните трошки, млекото и зачините замесете смеса и оставете ја да отстои 1 час во фрижидер.
Брашното испржете го на путерот. Додадете ги супата од коцка, Ворчестер сосот, шеќерот и зачините, и варете додека се згусне сосот. Тргнете од оган и вмешајте ја хоплата.
Од изладената смеса од мелено месо формирајте тркалезни ќофтиња со големина на орев и наредете ги во тава. Печете ги 30 минути на 200 степени и ставете ги во тенџерето со сосот. Варете на тивок оган додека го впијат вкусот на сосот.

loading...