Шест деца загинаа во пожар во Германија

Loading...

Седум лица, од кои шест се деца, загинаа во неделата во пожар кој избувна во станбена зграда на југот од Германија, соопшти локалната полиција.Пожарот избувнал во раните претпладневни часови во поранешна фабрика за преработка на кожи којашто е преадаптирана во станбен простор во градот Бакнаг, во близина на Штитгарт.Во приземјето на зградата се наоѓа канцеларија на локалниот германско-турски културен центар, меѓутоа полицијата тврди дека нема докази дека пожарот е подметнат или, пак, дека станува збор за „ксенофобен“ напад.Се` уште не е откриен идентитетот на жртвите во зградата во којашто постојано живееле 13 лица, меѓутоа засега не се знае ниту колку имало во неа за време на пожарот.
МакфаксСедум лица, од кои шест се деца, загинаа во неделата во пожар кој избувна во станбена зграда на југот од Германи

loading...