Шест типа на вработени кои никогаш нема да напредуваат на работа

Loading...

Одредени типови на личности имаат тенденција да добијат подобри можности на работа од другите. Постојат шест типа на вработени кои секогаш се прескокнуваат кога е време за бонуси и промоции.

Дрдорко

Се разбира, добрите комуникатори честопати добиваат внимание од нивните претпоставени. Меѓутоа, ако вашата дефиниција за “добра комуникација“ вклучува ширење на гласини и трошење на работното време за озборување на колегите, брзо ќе станете непожелни на работа.

Подлизурко
Додека ефективните вработени се обидуваат да им удоволат на барањата на нивните менаџери секогаш кога е тоа возможно, послабите луѓе не знаат како да се постават па честопати добиваат многу повеќе задачи и одговорности отколку што можат да издржат. Нивниот став покажува дека не се способни да ја водат работата бидејќи се поставува прашањето како ќе управуваат со работата и времето на другите кога не можат да го направат тоа за себе?

Роден песимист
Вработените кои постојано ги одбиваат предлозите на своите колеги, редовно се жалат и не се обидуваат да ја подобрат својата ситуација, ретко имаат да кажат позитивен збор за некого или нешто во канцеларија, никогаш нема да ја добијат почитта и разбирањето од нивните менаџери, а со тоа сонот за напредување и успех станува многу далечен.

Вечна жртва
Важен дел од зборот “добар тимски играч“ вклучува преземање на одговорност за вашите грешки и согледување на слабостите преку реални “очила“. Ако делувате како вечна жртва, секогаш ги обвинувате другите за пропуштените рокови или слабите резултати, ќе ви биде тешко да ја освоите довербата на вашите колеги и претпоставени.

Лудиот Макс
Бесните испади не се прифатлив начин за справување со некој којшто е пет години постар од вас. Но, некои вработени тоа едноставно не можат да го разберат, а камоли да го спроведат па затоа своите фрустрации ги празнат на своите колеги, а понекогаш и на нивните претпоставени, пишува Бизнис Инсајдер. Од друга страна, менаџерите кои имаат проблем да ги контролираат своите емоции создаваат култура на страв во канцеларијата, која обично се претвора во токсична атмосфера што резултира со лоши резултати и создава желба кај вработените да си одат.

Сезнајко
Работодавците бараат интелигентни вработени кои се подготвени за учење и разменување на информации. Меѓутоа, ако редовно ги поправате своите колеги или мислите дека вашите идеи и стратегии се многу подобри од идеите на вашите колеги (без какви било аргументи кои го потврдуваат ова верување) и се сметате себеси за најпаметната личност во собата, многу веројатно е да се отуѓите од своите најблиски соработници и претпоставени, слабеејќи го својот статус кога ќе дојде време за промоција.

Дали има уште некој тип на личност која треба да се најде на оваа листа?
Извор: vrabotuvanje.com

loading...