Шефицата на кабинетот на Катица Јанева сослушана за „Рекет”

Loading...

Во текот на денешниот ден, во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција е сослушана шефицата на кабинетот на Јанева во СЈО, која е трет вработен во СЈО кој дал исказ по Лиле Стефанова и Елизабета Јосифовска за случајот Рекет, пренесе Телма.
Денеска требаше да сведочи обвинителот на СЈО Рустеми, но сведочењето се одложи поради судењето за ТНТ.
Обвинителката Лиле Стефановска заедно со нејзината шефица Катица Јанева беа спомнати во снимените разговори и видеата што ги објави интернет изданието на италијанскиот весник „Ла Верита“, а во врска со случаите „Рекет“ и „Империја“. Од ЈО засега не откриваат дали и кога ќе биде повикана и Јанева.


Од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, вчера информираа дека согласно утврдениот план се преземаат истражни дејствија во насока на обезбедување на доказите и целосно расветлување на случајот „Рекет“ и дека е во тек финансиска истрага во повеќе насоки и прибирање доказен материјал што ќе помогне во утврдувањето на фактичката состојба.
– Воедно, дел од одземените електронски уреди се вештачат, а за дел се прават напори за декриптирање на пронајдените содржини, соопштија од Јавното обвинителство.
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во интерес на постапката, се подлекува, нема однапред да споделува информации за дејствијата што ги презема во предметот, па така и за лицата што ги повикало или има во план да ги повика да дадат исказ.
Истрагата за „Рекет“ во Јавното обвинителство ја води шефицата на организиран криминал Вилма Рускоска.

loading...