Шефот на албанската дипломатија во дводневна посета на Македонија

Loading...

Министерот за надворешни работи на Република Албанија, Алдо Бумчи во понеделник и вторник ќе престојува во официјална посета на Република Македонија, на покана од македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски.

Се очекува министрите Попоски и Бумчи да разменат мислења за билатералните односи и можностите за нивен натамошен развој, како и за заедничката соработка во контекст на ЕУ, НАТО и на регионален план.
За време на посетата, министерот Бумчи ќе биде примен од претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, од претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељановски, како и од потпретседателот на Владата на Република Македонија, Фатмир Бесими.
Макфакс
Министерот за надворешни работи на Република Албанија, Алдо Бумчи во понеделник и вторник ќе престојува во официјална посет

loading...
Loading...