ШЕФ НА РАЗУЗНАВАЊЕТО ВО КИЕВ – ГЛАВЕН ДИВЕРЗАНТ: Кирил Буданов најверојатно зад нападот на мостот на Крим

СЕКОГАШ КОГА има терористички напад во Русија, како еден од главните организатори се споменува генерал-мајор Кирил Буданов, шеф на украинската воена разузнавачка служба.

МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ Дмитриј Кулеба призна дека Киев организирал експлозии на Крим и Белгород. Тој беше поканет од познатите московски панкери Владимир Кузњецов, попознат како Вован, и Алексеј Столјаров Лексус, кои лажно се претставија како Мајкл Мекфол, поранешниот американски амбасадор во Москва, сега на страната на Украинците.
ШЕФ НА РАЗУЗНАВАЊЕТО ВО КИЕВ – ГЛАВЕН ДИВЕРЗАНТ: Кирил Буданов обвинет дека наредил напад на мостот на Крим

Деновиве и руските истражни органи објавија дека тој лично ја координирал диверзантската акција на мостот на Крим.

Кој е Кирил Буданов, чие име редовно се споменува во воените операции. Буданов се искачи на позицијата началник во Воената разузнавачка служба на Украина, учествувајќи во саботажни акции на Крим, а потоа борејќи се во Донбас.

Роден е во Киев во 1986 година, а во Одеса во 2007 година дипломирал на Институтот за копнена армија, по што служел во специјалните сили на украинската воена разузнавачка служба. За време на војната во Донбас во 2014 година, неколку пати беше ранет.

Во август 2016 година, тој учествуваше во саботажа на Крим во градот Армјанск, каде отиде со група терористи да разнесе важен објект, но и да учествува во убиствата на проруски политичари и активисти на Полуостровот Крим. Тогаш беа убиени двајца руски војници и двајца украински диверзанти.

Обид за атентат врз Буданов беше организиран во април 2019 година, кога под неговиот автомобил беа поставени експлозиви. Руските државјани Алексеј Комаричев и Тимур Џортов потоа беа уапсени и осудени на седум и осум години затвор.

Една година подоцна, Буданов стана заменик-директор на Надворешната разузнавачка служба на Украина, а веќе на 5 август 2020 година, претседателот Володимир Зеленски го назначи за началник на Главната управа на разузнавачката служба на Министерството за одбрана на Украина.

Очигледно, украинското раководство верувало дека односите со Русија ќе се влошат и дека диверзантските активности само ќе се зголемат. Во ноември 2021 година, Буданов изјави за американскиот „Military Times“ дека големите воени операции против Русија ќе започнат во јануари или февруари 2022 година.

Со ова се потврдува тврдењето на шефот на Кремљ, Владимир Путин, дека Русија морала да влезе во војна бидејќи Украинците веќе подготвиле оперативен план, што може да се види од писмените документи до кои дошле руските единици.

МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ Дмитриј Кулеба призна дека Киев организирал експлозии на Крим и Белгород. Тој беше поканет од познатите московски панкери Владимир Кузњецов, попознат како Вован, и Алексеј Столјаров Лексус, кои лажно се претставија како Мајкл Мекфол, поранешниот американски амбасадор во Москва, сега на страната на Украинците.

Кулеба рече: „Ако ме прашате приватно кој стои зад тие експлозии на Крим и Белгород, тоа е Киев“. Кулеба рече и дека контраофанзивата кон југот била организирана во тесна соработка со Американците и се пожали дека брзо ќе ги потрошат парите што ги добиле од Западот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.