Шеф на угледен австриски ресторан открива како да направите оригинална виенска шницла

Loading...

Шеф на кујна од еден угледен виенски ресторан „Meissl & Schadn“, Југен Гешвендер, открил неколку трикови со чија помош секогаш ќе направите оригинална виенска шницла.
Југен наведува дека виенската шницла секогаш мора да ја правите од телешко месо.
„Класичната виенска шницла е дебела помеѓу 5 и 6 милиметри, а откако ќе ја чукнеме со кујнски чекан околу 3-4 милиметри“ – појаснил тој.
„За добра смеса за пржење потребни се јајца, сол, брашно и лебни трошки. Откако ќе ја посолите добро шницлата, целосно мора да ја намачкате со брашно за потоа лебните трошки да се залепат добро на неа“ – вели Југен.


Откако месото сте го измачкале со брашно, потребно е да го ставите во изматените јајца.
За класична, добра виенска шницла потребно е да искористите од 5 до 7 јајца, за условно шницлата да „плива“ во јајцата.
„Јајцата не треба да ги изматите до крај, потребно е да има мала разлика помеѓу белката и жолчката, тоа е многу важно“ – нагласил Југен.


Потоа, шницлата ставете ја во лебните трошки и подготвена е за пржење.
„Слојот на масло за јадење во тавата мора да биде 6 центиметри за да може убаво шницлата да се потопи во него.


Важно е постојано да ја превртувате, кога ќе биде готова веднаш ставете ја на кујнска хартија за да се исцеди од маслото за јадење. Таа мора да биде крцкава, а не мрсна“ – појаснил шефот.

loading...