Шимпанзо навлечено на порно филмови

Loading...

Женско шимпанзо по име Џина, во зоолошката градина во Севиља, стана вистински фан на порно филмови, изјави приматологот Пабло Хереро.
Хереро во текот на еден негов експеримент, на Џина и поставил телевизор позади стакло и и дал далечински управувач. Кога, после неколку дена, се вратил да провери дали Џина разбрала како се користи новата играчка, ја начекал како ужива во филмови со еротска содржина.
„Џина секој ден имала прилика да избере било кој од стотина програми, меѓутоа секогаш би застанала на оној канал, на кој е пуштен еротски филм. Тоа укажува на заклучокот, дека шимпанзата се заинтересирани многу повеќе за сексуалноста, отколку што ние до сега сме мислеле“, изјави Хереро.
Зоолошката градина одлучила да внесе телевизор во кафезот на Џина, за да има како да се забавува, со оглед на тоа дека поголемиот дел од зимата го поминува внатре. Џина очигледно пронашла многу добар начин за забава. Женско шимпанзо по име Џина, во зоолошката градина во Севиља, стана вистински фан на

loading...
Loading...