Шинзо Абе е убиен од припадник на сектата МУН?

Јапонската секта „Мун“ потврди дека мајката на осомничениот убиец на Абе е нејзина членка

Мајката на човекот обвинет за убиството на поранешниот јапонски премиер Шинѕо Абе е членка на Унификациската црква, позната и како секта Мун, потврди денеска организацијата, за која обвинетиот рече сакал да ѝ се одмазди.

Тесуја Јамагами (41) сакал да се одмазди на една организација и решил да го убие Абе затоа што мислел дека поранешниот премиер има врска со неа, соопшти во петокот јапонската полиција.

Јапонските медиуми пишуваа за верската организација без да го спомнат нејзиното име и потврдија дека осомничениот Јамагами сакал да ѝ се одмазди затоа што наводно добила големи подароци од неговата мајка што го довело нивното семејство во големи финансиски тешкотии.

– Мајката на осомничениот Тесуја Јамагами е членка на нашата организација и учествува на црковни настани еднаш месечно, изјави денеска на прес-конференција во Токио, Томихиро Танака, претседател на јапонскиот огранок на Унификациската црква.

Тој не наведе какви подароци и дала мајката на осомничениот, која и се приклучила на црквата во 1998 година, наведувајќи дека истрагата на полицијата е во тек и оти организацијата сака да соработува со полицијата.

Тој истакна дека неговата организација е згрозена од убиството на Абе, кој никогаш не бил нивни член или советник.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.