Ширењето на короната може да се зголеми двојно за време на сезоната на грип: Ова е докажан начин да се заштитите!

Loading...

Сè уште не сме се опоравиле од вториот пик на првиот бран на коронавирус и добиваме мрачни прогнози од Европа. Истражувачи од Шпанија, Белгија, Италија и Норвешка направија математички модел на пренесување на коронавирус во текот на првите денови од епидемијата. Откриле до два и пол пати повеќе случаи на корона во периодот кога бил присутен и вирусот на грип. 

Овие резултати укажуваат на потреба за зголемена вакцинација против грип, не само за спречување на грип, туку и за борба против коронавирусот, кој веќе однесе близу еден милион животи. 

Американците претходно откриле дека инфекцијата со грип во респираторниот тракт може да го зголеми изразот на рецептори за ензимот што го претвора ангиотензин2. Тоа е рецептор што го користи коронавирусот за да влезе во човечките клетки и да го зарази пред да се прошири низ целото тело.

За потребите на новата студија беа анализирани податоци од четири европски земји, во кои смртноста од Ковид 19 го достигна својот врв во периодот од март до април годинава. Научниците развија популациски модел на случаи и смртни случаи од коронавирус, под претпоставка дека смртта се случила само во еден процент од случаите. Покрај тоа, истражувачите вклучија индекс на мерки како што се карантин, ограничувања за патувања, затворање на училишта и компании.

Резултатите покажаа дека коронавирусот се шири два до два и пол пати повеќе во тој период кога преовладува и сезонскиот грип. Нејасно е зошто овие два вируси се поврзани, но една теза е дека луѓето кои неодамна се заразиле со грип имаат поголем ризик да се заразат со Ковид 19.

Сепак, има и добра вест: оние кои биле вакцинирани против сезонски грип биле во помал ризик од инфекција со корона вирус.

loading...