Шницли во сос од сенф и лук

Потребни состојки:
-2 свински шницли
-1 чешне лук
-1/2 коцка за супа
-брашно
-сол, бибер
Начин на подготовка:
Истолчете ги шницлите и посолете со сол и бибер, а потоа од едната страна намачкајте ги со сенф, па во брашно. Со намачканата страна ставете да се пржи, а потоа свртете на другата страна и оставете малку да зарумени месото.
Додадете половина коцка за супа, исецкан лук и чаша вода, па варете додека месото не омекне. На крајот, ако сосот е малку редок, додадете малку брашно и оставете да се згусти.

Пронајдете не на следниве мрежи: