Шокантна информација од Груби: Работиме на тоа цело ВМРО-ДПМНЕ да гласа за уставни измени

Работиме на тоа цело ВМРО-ДПМНЕ да гласа за уставни измени. Ако ВМРО-ДПМНЕ е определена за европска Македонија тогаш ќе се придружи на уставните измени, изјави вечерва првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби.

Тој, во Топ тема на Телма телевизија рече дека денеска разговарале во Владата за уставните измени, но и претходно формирале тим кој работи на оваа проблематика.

-Не да сум оптимист, убеден сум дека ќе успееме, планот ни е одличен, многу амбициозен и реален за имплементација и реализација. Знам дека има скептици, сакате гола математика и да броите пратеници како да се стигне до 80, но знаете дека досега се што сме кажале испаднало така и дека се реализирало, кажа Груби.

Според него најмногу од уставните измени добива македонскиот народ кој конечно и уставно ќе се одвои од бугарскиот народ.

Пронајдете не на следниве мрежи: