Шорцеви на работа: да или не?

Loading...

САД – Во ред ли е да носите шорцеви на работа кога е многу топло? Ако судите според трендовските модни ревии, тоа е сосема во ред. Кусите шорцеви беа тренд во колекциите за пролет-лето за жени. Тие, исто така, се присутни и во есенските колекции и во колекциите за на одмор.
На моделите со перфектен тен, долги нозе и високи потпетици, не можете да најдете мана на шорцовите. Тие изгледаат елегантно, со стил и прибрано и така, всушност, треба секој да се стреми да изгледа, според експертите.
“Шорцевите се добра замена за здолништата, всушност, во нив движењето е полесно”, изјави Колин Шерин, моден директор на Петтата авенија. “Што е разликата меѓу шорц и здолниште, дури и да се со иста должина? Шорцевите обично се сметаат за лежерно парче облека, парче што го носат децата и што се носи за викендите. Но оваа перцепција се менува”.
Сепак, внимавајте при изборот за да не изгледате прележерно.
Шерин сака жените во канцеларија да носат шорцеви со должина до колена, или тесни или пошироки со манжетни.


“Ленот е пријатен и не држи топло, но лесно се тутка”, предупреди таа.
Искомбинирајте ги шорцвите со весела кошула и кратко џемперче, вели таа. Сандалите со ременчиња се задолжителни, а чевлите на платформа во неутрални бои доста ги издолжуваат нозете. Исто така, еспадрилите се прифатлива варијанта.
Колумнистката за стил Мери Алис Стивенсон ги третира шорцевите како фустани и ги комбинира со накит и високи потпетици.


“Сепак, со високи потпетици, внимавајте на должината на шорцевите”, советува Стивенсон.
Дизајнерот Џејсон Ву изјави дека шорцевите можат да се носат секаде, но треба да се носат како дел од целосна комбинација, која е модерна и со стил.
“Новите шорцеви можат да се носат како на плажа така и на коктел-забави”, вели тој.

loading...