ШоуБиз Инстаграм профили со највисок степен на активност на публиката – Aприл 2022

ИНФОГРАФИКОТ ги претставува ТОП 3-те ШоуБиз Инстагрампрофили во 6-те земји од регионот на Западен Балкан, рангирани според соодносот на објави и бројот на реакции на публиката (допаѓања, коментари и споделувања).

Категоријата ШоуБиз воглавно вклучува Инстаграм профили на пејачи, актери, модели, стилисти и други професионалци од индустријата за забава, заедно со профили од луѓе без јавна професија освен т.н. „Инфлуенсери“ на социјалните мрежи .

Очекувано, моќта на влијание на профилите генерално кореспондира со големината на населението во земјата.

Најистакнат исклучок од ова општо правило се профилите на Инстаграм од Косово во категоријата ШоуБиз, кои генерираат најактивна публика помеѓу сите земји во регионот на Западен Балкан.Ова е поради фактот што нивната база на следбеници значително го надминува населението на Косово и се шири низ целата албанска заедница во регионот и во дијаспората.
 Методологија
 Оваа анализа ги прикажува резултатите од истражувањето на Pikasa.ai спроведено во април 2022 година, користејќи ја платформата за медиумска анализа на објавите и реакциите на профилите на Инстаграм во категоријата ShowBiz Influencers во 6 земји од регионот на Западен Балкан.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.