Шпанија бара од ЕП каталонскиот да стане официјален јазик во европските институции

Шпанската влада најави дека ќе побара од Европскиот парламент да ја разгледа можноста за употреба на каталонскиот, кој, доколку предлогот помине, ќе стане првиот европски регионален јазик во официјална употреба во таа европска институција.

Шпанија бара од ЕП каталонскиот да стане официјален јазик во европските институции

Мадрид ќе претстави „технички и финансиски изводлив“ предлог до комисијата на ЕП во Брисел и ќе работи заедно на предложената промена.

Централните шпански власти и регионалната влада во Каталонија се надеваат дека ќе го усвојат предлогот до крајот на годината.

Шпанија е подготвена, доколку тоа го сакаат другите две регионални влади во Баскија и Галиција, да побара од ЕП да ги вклучи баскискиот и галицискиот јазик, поврзани со португалскиот, на листата на официјални јазици.

„За да стане еден јазик официјален, потребно е тој исклучиво да биде побаран од земја членка на ЕУ и да добие зелено светло од Советот на ЕУ“, објасни портпаролот на Европскиот парламент.

Каталонскиот, заедно со шпанскиот, е широко користен во Каталонија и во два други соседни региони. Каталонскиот јазик беше потиснат за време на диктатурата на генералот Франциско Франко од 1939 до 1975 година.

Во моментов има 24 јазици на листата на официјални јазици во ЕП. Каталонските националистички партии долго време се залагаат за употреба на каталонскиот јазик во европските институции.

Главниот аргумент е дека шпанскиот регион има повеќе жители, повеќе од седум милиони, од некои членки на ЕУ, вклучувајќи ги Данска, Словенија и Хрватска.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.