Шпанска салата, готова за 20 минути

1 шолја интегрален ориз
4 тиквички, исечкани на парчиња
2 главици ситно исечкан кромид
1 исечкано гранче целер
2 домата исечкани на коцки
1 шолја зелени маслинки полнети со пиперки
4 лажици маслиново масло
1 лажица лимонов сок
1 лажичка исечкан свеж босилек
1/2 лажичка оригано
сол и мелен црн пипер
Сварете го оризот во посолена вода, исцедете го и оставете да се излади.
Направете прелив од 3 лажици масло, лимоновиот сок и зачинските билки.
На преостанатото масло испржете го кромидот, и додадете ги целерот, тиквичките и доматите. Посолете и зачинете со црн пипер. Откако кромидот ќе омекне додадете ги маслинките и оставете зеленчукот да се излади. Потоа додадете ги оризот и преливот, и промешајте ја салатата.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.