Шпанските медиуми за „историскиот пораз“ на Барселона

Loading...

„Историски дебакл“ (Марка), „Најтажната ноќ“ (Спорт), „Кошмар“ (Ел Мундо Депортиво): шпанскиот печат, едногласно го оплакува поразот на Барселона од Баерн со 4:0 во првиот полуфинален натпревар во Лигата на шампиони.„Најдобрата европска екипа беше само сенка“, пишува спортскиот весник „Марка“.„АС“ пишува за ’крајот на циклусот’, гледајќи во овој пораз крај на големата Барселона и на Меси и друштвото.„Секоја голема екипа, осудена е еден ден да доживее и голем пораз. Барселона тоа го доживеа вчера од Баерн, кој ја протресе како ураган и ја тргна од својот пат кон Вембли“, истакнува „АС“.За разлика од печатот во Мадрид, новинарите во Каталонија воопшто не беа нежни кон играчите на Тито Виланова.„Барселона беше далеку од онаа легендарна екипа, беше далеку од својот пат, можеби тој пат беше прекинат вчера, бидејќи лекцијата од Баерн е историска“, пишува „Спорт“.„Ел Мундо Депортиво“ го критикува тренерот Виланова, кој во целиот натпревар направи само една измена.„Хајнкес тактички го победи Виланова, кој изврши само една измена кога во 83.минута го замени Педро“.Весникот ја критикуваше арбитражата на Виктор Касаи, кој направи неколку очигледни грешки, но нагласува дека тоа сепак не влијаело врз конечниот резултат.„Дури ни катастрофалното судење на Касаи, кој призна три нерегуларни погодоци, не ја оправдува Барселона“, пишува „Ел Мундо Депортиво“.На крајот „Ел Паис“ најде сличност помеѓу овој пораз и поразот со ист резултат од Милан, во финалето во Лигата на шампиони во 1994 година. Тој пораз го најави крајот на „Дрим Тимот“ кој го предводеше Јохан Кројф.
Макфакс„Историски дебакл“ (Марка), „Најтажната ноќ“ (Спорт), „Кошмар“ (Ел Мундо Депортиво

loading...
Loading...